Првиот вицепремиер Груби и амбасадорката Брнс разговараа за ситуацијата во Украина, оценувајќи дека руската воена агресија врз една независна држава е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот која како таква ја оцени огромен дел од меѓународната заедница.
Груби и Брнс на оваа средба истакнаа дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и воедно полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, но и што по скорото отворање на преговорите со Европската Унија е од големо значење, особено во ова време на кризна состојба што го зафати светот.
На оваа средба Груби и Брнс размениле мислења и за отворениот спор меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во оваа прилика Груби ја истакна потребата на уште поголема американска и европска помош кога се работи за спорот меѓу Скопје и Софија, како и потребата владата на Република Македонија да го задржи реформскиот курс.
Груби ја информираше амбасадорката Брнс и за Коридорот 8, најголемиот инфраструктурен проект во државата, важноста на неговата изградба за економскиот развој на земјата, што се очекува да започне кон средината на оваа година од добро познатата Американска компанија Бехтел Енка.
Груби исто така ја елаборираше и заложбата на Владата на Република Македонија за минимизирање на последиците од светската економска и енергетска криза, потенцирајќи го пакетот од околу 26 економски мерки и сите потребни интервентни механизми за одржување на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите.
Груби пред Брнс ја изрази и важноста што нашата земја ја придава на почитувањето на препораките усвоени на Конференцијата за Сајбер безбедност во Прага или инаку позната како Прашки предлози за процесот на инсталирање на 5G мрежата.
На крајот на оваа средба, амбасадорката Брнс нагласи дека сегашната безбедносна криза во Европа најдобро ја илустрира потребата од систематски и поголем фокус на евроатлантската заедница во регионот и во Република Македонија, вклучувајќи ја и Европската интеграција на земјата.






