Македонската одбојкарска репрезентација доживеа шокантен пораз од селекцијата на Албанија на свој терен. Загубивме со 1-3, по сетови беше 23-25, 25-20, 17-25 и 22-25.
По првиот тесен сет кој го загубивме со 23-25, следуваше лесно добиен наш сет со 25-20. Во тие моменти се мислеше дека само лошо влеговме во натпреварот и работите се враќаат во нормала, но не беше така.
Одигравме катастрофално во третиот сет во кој освоивме само 17 поени, а Албанците четвртиот го добија со 25-22 и се радуваа на големата победа за нив.
По три одиграни натпревари имаме два порази и една победа, следниот меч го играме со Албанија на гостински терен на 4. јуни.
Засега прва е Романија со три победи од исто толку меча, имаат собрано осум бодови, ние и Албанија имаме по четири, а Босна и Херцеговина има два.






