Од разните категории за демократскиот напредок, за 2021 година највисока е оценката за граѓанско општество – 5,25, за изборен процес оценката е 4,25, за демократско владеење – 3,5, независно судство и независни медиуми – 3,25, корупција 3…
Според извештајот „Држави во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“ на Фридом хаус минатата година во Македонија е регистрирана стагнација во демократскиот напредок.
Во изминатите пет години Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакне меѓусебната граѓанска почит, изјави на денешната прес-конфереција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за најновиот извештај на „Фридом хаус“ за напредокот на Македонија.
Тој рече дека овој извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога, како што рече, сите бевме сведоци дека имавме сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и во справувањето со корупцијата.
„Фридом хаус” порачува и дека Албанија и Македонија треба да ги започнат преговорите со ЕУ, а Бугарија да се притисне да го тргне ветото.






