среда, 17 декември 2025

Спасовски на министерска конференција во Атина

Објавено на

часот

Сподели

Во оваа иницијатива за регионална соработка освен Македонија членуваат и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово, а приоритети  на грчкото претседавање со оваа иницијатива се: Унапредување на безбедносната соработка; Размена на најдобри практики за функционални демократски институции, владеење на правото и човековите права, особено во контекст на европската перспектива на регионот на ЈИЕ; Поврзување и одржлив развој;  Соработка на полето на инвестиции, конкурентност и мобилност; Решавање на грижите за животната средина, промоција на одржлив, правичен и зелен раст; Осврт на пандемијата ковид-19 и нејзините социоекономски реперкусии.

Во своето обраќање на овој состанок на министри, Спасовски му се заблагодари на својот колега Панајотис Теодорикакос  за поканата и одличната oрганизација  на Конференцијата на која што беа разменети мислења и ставови во однос на безбедноста на нашите држави и на регионот во целост.

„Безбедноста останува еден од најзначајните параметри за мерење на европската перспектива на земјите од регионот на Југоисточна Европа. Денес, во услови на динамично живеење, кога на безбедноста се гледа и од воен аспект, имајќи ги предвид странските воени закани и новите облици на загрозување на безбедноста, исправени сме пред нималку лесна задача – потреба од редефинирање и зајакнување на регионалната соработка, а во исто време водејќи сметка да не се намали ефикасноста на борбата против организираниот криминал, илегалниот миграциски екстремизам и тероризам и трговијата со луѓе. Тоа мораме да го направиме, тоа е во наш интерес. Европските искуства говорат дека најдобар начин за постигнување на овие цели е да се воспостават ефикасни добрососедски односи, стабилност, безбедност и соработка на земјите од Југоисточна Европа. Согласно стратешките интереси за идно полноправно членство во ЕУ и исполнувањето на основните предуслови, Република Северна Македонија ги прифаќа и ги спроведува неопходните чекори на својот европски пат“, рече Спасовски.
Тој се осврна и на фактот дека како и останатите држави така и Република Северна Македонија не е во целост имуна на влијанието на војната во Украина, но,рече дека во овој момент ефектите се главно индиректни и не може да се споредат со оние во некои земји членки на ЕУ како гранични држави и во моментов, состојбата ja следиме преку размена на оперативни и стратешки информации најчесто преку каналот на Европол.  

„Како рефлексија на војната во Украина зголемени се ризиците во области за кои постои потреба од засилена соработка и тоа во борбата против трговија со луѓе, каде најранлива категорија се жените и децата, зголемено делување на разни радикални и екстремистички групи би можеле да ја радикализираат состојбата или да создаваат тензии преку повици на насилни протести и демонстрации, закани и напади врз одредени лица (домашни и странски државјани и претставници) или други етнички групи, перење на пари преку пренос на пари во готовина, отворање на нерезидентни сметки и криптовалути и закани од криминални групи со висок ризик. Пристапот кој го промовираме со нашето присуство овде – да разговараме на транспарентен начи и за најсложените безбедносни прашања – несомнено, заслужува поздрав и поддршка и претставува битна одлика на современите демократски општества“, рече во обраќањето Спасовски и додаде дека е уверен дека овој состанок на министри за внатрешни работи ќе создаде можности за нови перспективи и форми на заедничка соработка со единствена цел зајакнување на безбедноста не само во регионот на ЈИЕ, туку и низ цела Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ