понеделник, 22 декември 2025

Совет на амбасадори: ЕУ да ѝ даде кандидатски статус на Украина и да го деблокира процесот за Македонија и Албанија

Објавено на

часот

Сподели

„Советот на амбасадори жали што руската агресија врз Украина добива такви размери во коишто, покрај одбранбени објекти и војници, најмногу страда цивилно население (повозрасни лица, жени и деца) и инфраструктурата на населените места неопходна за задоволување на минималните потреби за живот како што се резервите на животни намирници, водовод, канализации, греење и хумани транспортни коридори“, пишува во соопштението од Советот.

Советот исто така цени дека Европската Унија треба позитивно да одговори на  барањето на Украина  за членство во Унијата и на земјата да ѝ го олесни патот кон евроинтеграциите, давајќи и статус на земја-кандидат во најбрз можен рок.

„За реализација на предлогот ЕУ треба да делува единствено и да ја отстрани можноста една членка да блокира донесување на таква одлука. 

Со зајакната кохезијата меѓу земјите членки на ЕУ, притоа имајќи ги предвид политичката, економската и особено безбедносната состојба во Европа и Светот, Европската Унија треба итно да го деблокира процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија и да ги отпочне преговорите  за нивно членство со што ќе се затвори просторот за какви било други варијанти за иднината на регионот на Југоисточна Европа“, се додава во соопштението. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ