понеделник, 8 декември 2025

СОНК утре на седница ќе ги разгледува заклучоците на Владата

Објавено на

часот

Сподели

„Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува,“ напиша на Фејсбук претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Владината прес-служба денеска соопшти дека Владата на седница ги задолжила министерствата за образование и наука, зa труд и социјална политика и за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за зголемување на платите на вработените во образованието и градинките за 10 проценти. Притоа повикаа СОНК да го прифати ова покачување и, како што посочија, во интерес на децата да продолжи образовниот и згрижувачкиот процес. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ