понеделник, 8 декември 2025
Време

Сончево со мала облачност и температури до 12 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Претпладне понекаде вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Објавено на

часот

Сподели

Од УХМР информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од -5 до четири, а максималната ќе достигне од пет до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до шест степени.

дс

Времето до вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда од северозапад. Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места. Врнежите ќе престануваат во четврток во текот на денот, а нови врнежи се очекуваат на почетокот на следниот викенд. Услови за појава на магла ќе има особено во вторник и среда наутро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ