петок, 12 декември 2025
Време

Сончево и топло со мала облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 10 до 15 Целзиусови степени. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 8 до 14 степени. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ