среда, 17 декември 2025

Со закана со пиштол и нож краделе во казино

Објавено на

часот

Сподели

На 09.05.2022 во 04.00 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица „Свети Спасо Радовишки” во Радовиш одзеле два коверти со исплатени тикети за кои сметале дека има пари. После тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на с.Раклиш, радовишко.

По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземенимарихуана и две дробилки со остатоци од марихуана, соопштија од МВР.

На 16.05.2022 лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ