Директорот за фудбал на Барселона, Матеу Алемани синоќа отпатува во Мароко на средба со агентот на Осман Дембеле.
Како што пренесува новинарот Ориол Доменеш, Барса на напаѓачот може да му понуди само една третина од сегашната плата, и со ваков предлог практично е невозможно тој да остане на Камп Ноу.
Според пишувањата на ТВ3, средбата помеѓу Матеу Алемани и Муса Сисоко во Маракеш само покажала дека се уште има големи разлики помеѓу двете страни, не биле поставени никакви темели за изнаоѓање на компромис.
Весникот Спорт пак пренесува дека не била ставена конкретна понуда на маса, Матеу Алемани уште еднаш ја објаснил финасиската состојба на Барселона и каква е структурата на плати, додека пак Муса Сисоко ја потенцирал пазарната вреснот на Осман Дембеле и бројките кои другите клубови ги нудат. Двете страни сега ќе направат нови математики, ќи видат до каде можат да одат, и ќе имаат нова средба.






