„Св. Кирил и Методиј“, „Никола Карев“, „Малина Попиванова“, „Раде Кратовче“, „Крсте Мисирков“ и „Ристо Јуруков“ се основните училишта од Кочани во кои што ќе се одржат работилниците овозможени од „Макпетрол“. Психологот на овие средби ќе сподели информации и совети за различните аспекти на булингот. Тие се наменети не само за учениците, туку и за претставници на стручните служби, кои потоа овие знаења можат да ги вклучат во секојдневната настава.
Покрај Кочани, од почетокот на годинава и Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево се приклучија во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Претходно, во 2023 година, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров. Дел од „Крени глас против врсничко насилство“ досега станаа вкупно 17 општини. Работилници беа одржани во повеќе од 40 училишта, а на нив учествуваа неколку илјади ученици. Истите се во тек во дел од општините, а во останатите ќе се одржат во следниот период.
За Кочани, како и за останатите општини, покрај работилници, „Макпетрол“ ќе испечати и достави едукативни материјали. Во овие прирачници подетално се обработени физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството, како различни форми на булинг. Дополнителни информации на темата се достапни и на интернет-страницата kreniglas.mk. Освен едукација на учениците, но и на наставниците и на родителите, овој вебсајт овозможува и анонимно споделување на личните искуства со врсничкото насилство.
Општествената одговорност, како еден од своите најзначајни стратешки приоритети, „Макпетрол“ ја реализира токму преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Компанијата цели кон зголемување на јавниот интерес за булингот. Подеднакво важно е што активностите на најмладите им овозможуваат едукација и поддршка при соочувањето со овој голем општествен проблем.






