„Последната трагедија е слична со таа на младиот Никола Саздовски. Дури и според описот на случајот од страна на обвинителството се забележува дека двата случаи се идентични, физичко насилство, удирање со глава на тврд предмет што резултирало со смрт и така по ред. Но, помеѓу двата случаи постои една голема разлика. Во случајот Саздовски обвинителството поднесе обвинение за кривично дело убиство според членот 123, точка 2, став 1, кој предвидува минимална казна од 10 години затвор или доживотен затвор, а епилогот го знаете сите. Истото обвинителство последниот случај го квалификува врз основа на член 123, но, точка 1, каде што казната е половина помала и предвидува најмалку 5 години затвор.
Го прашуваме обвинителството, што се промени во овие два случаи кога сите околности и дејства се исти? Дали можеби животот на еден Хрват е помалку вреден од животот на еден млад Македонец!? Или пак, можеби се смени фактот дека во последниот случај напаѓачите беа Македонци, а во случајот на Саздовски напаѓачите беа Албанци!?
Почитувани граѓани, оваа е таа двојна правда во нашата земја која ја применуваат партизираното и корумпирано обвинителство и судство, коja на граѓаните им носи неправда и им ја поткопува перспективата. Оттука и доаѓа вистинското вето да се стане дел од европското семејство, каде не се примаат земји со двојна правда и кои прават разлики и вршат дискриминации и во вакви трагедии“, изјави Снопче.






