Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патишта кои поминуваат низ клисури се препорачува на внимателно возење поради можни поситни одрони.
За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места, врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. Во Скопје, слично време со максимална температура до 12 степени.






