сабота, 20 декември 2025
Време

Снег на Попова Шапка

Првиот снег на Попова Шапка. Видео камерите покажуваат дека утрово на Попова Шапка е веќе обелена од првиот снег.

Објавено на

часот

Сподели

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека денеска се очекуваат обилни врнежи од дожд.

„Ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 литри на квадратен метар, а локално и над 50 литри на квадрат. На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка“, соопшти УХМР.

Најмногу снег се очекува на повисоките планини на северозапад. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Денеска најстудено ќе биде во Мавроро, со утринска температура од 1 степен, и дневна до само 3 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 13 степени.

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка.

Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ