вторник, 16 декември 2025

Сладоленд – турнеја на 5+ бенд и Замрзнатиот Петко во Битола, Штип, Скопје и Охрид

Објавено на

часот

Сподели

По повод јубилејот на 5+ образовната и забавна платформа која повеќе од 15 години успешно ги забавува и едуцира не само децата, туку и родителите, 5+ бенд и 5+ фамилија подготвија ново музичко-сценско доживување за децата – овој пат фокусирајќи се на пораки за здрава и чиста животна средина и заштита на планетата.

Препознавајќи ја итноста на потребата од повторна популаризација на еколошките вредности, својот петнаесетгодишен јубилеј 5+ фамилија го посветува токму на таа тема преку одржување на мини турнеја со своето најново музичко-сценско дело во градовите Битола (7 јуни), Штип (14 јуни), Скопје (17 јуни) и Охрид (30 јули). Концертите ќе бидат бесплатни, на јавни простори и отворени за широката јавност. Петко и 5+ Фамилија ве очекуваат!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ