среда, 28 јануари 2026

Скопје доведе капитално засилување во борбата за ПМФЛ

Второлигашот Скопје направи значаен потег во зимскиот преоден рок, откако во своите редови го доведе искусниот лев бек Дарко Глишиќ, во пресрет на продолжението од сезоната во ВМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Глишиќ пристигнува кај „пиратите“ по краткиот престој во Македонија Ѓорче Петров, а од него се очекува да биде еден од клучните адути во дефанзивната линија во трката за висок пласман и приклучок кон елитното друштво.

Зад себе има богато искуство на домашната сцена, каде што ги носеше дресовите на Вардар, Напредок, Тетекс и Гостивар, а во кариерата веќе еднаш беше дел и од Скопје. Интернационалната авантура го однесе на Кипар, во Бугарија и Грузија, каде што настапуваше за Докса, Арда Карџали, Септември Софија и Динамо Тбилиси, додека во Босна и Херцеговина беше член на ОФК Олимпик.

Со неговото ангажирање, раководството на Скопје јасно испраќа порака дека амбициите за пролетниот дел од сезоната се сериозни и насочени кон врвот на табелата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ