Трката за титулата во Премиерлигата станува мошне интересна откако Манчестер Сити одигра реми на гостувањето кај Кристал Палас.
Избраниците на Пеп Гвардиола го имаа поседот на топката, креираа неколку шанси, ја погодија рамката од голот во неколку наврати, но никако не успеваа да го најдат патот до мрежата на домаќините и мечот заврши 0-0.
Па Манчестер Сити прв пат под водство на Шпанецот има два натпревари на кој не постигнал гол откако претходно одигра 0-0 и со Спортинг во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ сега имаат четири бода повеќќе од Ливерпул, но „црвените“ имаат и натпревар помалку и со победа над Арсенал во среда можат да стигнат до минус еден.






