недела, 22 март 2026

Синот на Анчелоти треба да го води Реал против Селта а не може да дава наредби!

Објавено на

часот

Сподели

Карло Анчлеоти е позитивен на ковид-19, и доколку во последен миг не добие негативен тест, неговиот син Давиде ќе го предводи Реал Мадрид против Селта Виго.

Но како што пишува АС, во моментов е нејасна улогата што ќе ја има Давиде Анчелоти, дали ќе може во целост да ја извршува улогата на тренер, односно да дава наредби покрај аут линијата.

Давиде Анчелоти има УЕФА А лиценца, додека пак според правилата на ФФШ, за да се даваат наредби потребно е да се има УЕФА Про лиценца. Тој ќе може да седи на клупата, но нема да може да станува и да дава инструкции. Доколку го направи тоа, ризикува да добие казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ