Како што соопшти кабинетот на Сиљановска-Давкова, посетата се реализира на покана на претседателот на Бугарија, Румен Радев, и кралот на Јордан, Абдула Втори.
„Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена ‘Идентификување и разбирање на заканите’. За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори“, се наведува во соопштението.
Во рамки на престојот во Софија претседателката Сиљановска-Давкова ќе ја посети и болницата „Пирогов“ каде што се лекуваат дел од повредените од пожарот во Кочани.