среда, 1 април 2026

Сијарто: Унгарија ја поддржува одлуката на ЕУ, но нема да испраќаме оружје на Украина

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија го поддржа суверенитетот на Украина и до сега прифати повеќе од 600.000 украински бегалци, соопшти Сијарто во Чешка по средбата на министрите за надворешни работи на централноевропските земји Австрија, Чешка, Унгарија, Словачка и Словенија.

Унгарскиот министер додаде дека властите на неговата земја обезбедиле сместување, вработување и образование за бегалците на кои тоа им е потребно, што е најголемата унгарска хуманитарна акција во историјата, но констатираше дека ЕУ и покрај тие напори ѝ ја блокира финансиската помош на Унгарија од „чисто политички причини“.

Според Сијарто, унгарската влада ги поддржа сите пет пакети санкции на ЕУ до сега, но не може да дозволи енергетската безбедност на земјата да биде загрозена, и нема да гласа за ограничувања на увозот на руските нафта и гас.

Сијарто се осврна и на неодамнешните општи избори во Унгарија и оцени дека гласачите изразиле желба да живеат мирно и безбедно и нивната земја да се зачува од војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ