среда, 1 април 2026

Шведска одговори на руските предупредувања за НАТО

Објавено на

часот

Сподели

„Целосно е неприфатливо Русија на кој било начин да им се заканува на Шведска или Финска бидејќи нивните граѓани одлучуваат за безбедносната политика. Постои времето пред и по 24 февруари и Шведска и Финска самостојно ќе одлучуваат за својата политика“, им кажа Линде на новинарите за време на официјалната посета на БиХ.

Коментирајќи ги предупредувањата до нејзината земја од Москва, вклучувајќи ја изјавата на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, шефицата на шведската дипломатија кажа дека безбедносната ситуација во Европа драматично се сменила по агресијата на Русија на Украина.

Тоа ги поттикна владите во Стокхолм и Хелсинки да ја ревидираат својата долгогодишна политика на воена неутралност и да ја разгледаат можноста за влегување во западниот воен пакт.

„Рускиот напад на Украина е непредизвикан и незаконски и не може со ништо да се оправда и затоа Шведска заедно со ЕУ стои со Украина“, кажа Линде додавајќи дека целиот свет треба да биде обединет во спротивставувањето на руската агресија.

Ја повика и БиХ својата политика во однос на Украина односно Русија целосно да ја усогласи со онаа која ја води ЕУ и поактивно да се вклучи во „борбата против кампањата на дезинформации“.

Кажа и дека во светлото на влошената безбедносна ситуација на европскиот континент нужно е политичарите во БиХ да покажат поодговорно однесување, а особено ги повика претставниците на босанските Срби да прекинат да ги блокираат централните тела на државната власт.

Изрази спремност на Шведска да ја следи политиката на санкции на ЕУ кон оние политичари од БиХ кои ги поткопуваат стабилноста и суверенитетот на таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ