четврток, 18 декември 2025

Шведска испраќа дипломати во Турција на разговори за членството во НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Владејачките социјалдемократи се откажаа во неделата по 73 години противење за влез во НАТО. Тие изразија желба брзо да се приклучат на НАТО, напуштајќи ја повеќедецениската политика на неутралност откако Русија изврши инвазија на Украина.

Соседна Финска вчера потврди дека официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Сепак, Турција ги изненади своите сојузници во НАТО велејќи дека нема позитивно да гледа на барањата на Финска и Шведска, а претседателот Таип Ердоган рече дека „скандинавските земји се рај за терористички организации“.

„Ќе испратиме група дипломати на разговори со Турција за да видиме како ова може да се реши и за што всушност се работи“, изјави министерот за одбрана Питер Хултквист за јавниот сервис СВТ.

Турција соопшти дека сака скандинавските земји да престанат да ги поддржуваат курдските милитантни групи присутни на нивната територија и да ја укинат забраната за продажба на одредени оружја на Турција.

НАТО и САД велат дека се убедени дека Турција нема да го запре членството на Финска и Шведска.

Секоја одлука за проширување на НАТО бара одобрение од сите 30 членки на алијансата и нивните парламенти, но дипломатите рекоа дека Ердоган ќе биде под притисок да попушти бидејќи Финска и Шведска во голема мера ќе го зајакнат НАТО во Балтичкото Море, пренесува Ројтерс.

„Уверен сум дека ќе можеме да одговориме на загриженоста изразена од Турција на начин што нема да го одложи членството“, изјави во неделата генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Шведскиот парламент ќе расправа за членството во НАТО во понеделник, а одлуката треба да биде само формалност бидејќи големо мнозинство пратеници го поддржуваат членството во НАТО.

Владата ќе донесе официјална одлука за поднесување барање подоцна во текот на денот, рече Хултквист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ