„НАТО нема да стане страна во војната. За тоа сме согласни со нашите европски сојузници и со САД“, кажа Шолц.
Тој додаде дека Украина може да се потпре на Германија која веќе ѝ испрати финансиска и воена помош, ѝ воведе остри санкции на Русија и прифати стотици илјади украински бегалци.
Шолц кажа дека Германија нема да подржи ни бојкот на руските нафта, гас и јаглен, но дека се труди да најде добавувачи од други земји и да го зголеми користењето на обновливи извори на енергија.






