На осум кола до крајот Шкупи има предност пред Шкендија и Академија Пандев од дури 13 бодови, трка за титулата практично и да нема.
Од киксовите на Академија Пандев и Шкендија, искористи Македонија Ѓорче Петров која се доближи на само два бода до нив.
Академија Пандев добро го почна мечот со Скопје, поведе уште во петтата минута со гол на Маронг, но во второто полувреме Игњатов погоди двапати и донесе победа на гостите од 2-1.
Немаше голови на дуелот меѓу Шкендија и Борец, па тетовскиот тим со освоениот бод само успеа да се изедначи со Академија Пандев на табелата.
Шкупи со гол на Радески во второто полувреме го победи Тиквеш со 1-0.
Македонија Ѓорче Петров со два гола на Емини дојде до победа над Пелистер од 2-0.
Најмногу голови имаше на мечот меѓу Брегалница и Ренова кој заврши 2-2. Штипскиот тим пропушти предност од 2-0 која ја имаше со дава гола на Дамњановиќ, гостите израмнија преку Шефити и Селмани.
Синоќа Струга Трим Лум го победи Работнички во Скопје со 3-1.
Резултати 25. коло:
Академија Пандев – Скопје 1:2
Шкендија – Борец 0:0
Шкупи – Тиквеш 1:0
Македонија ЃП – Пелистер 2:0
Брегалница – Ренова 2:2
Работнички – Струга ТЛ 1:3
Табела
1. Шкупи 61
2. Шкендија 48
3. Академија Пандев 48
4. Македонија ЃП 46
5. Ренова 37
6. Брегалница 37
7. Струга ТЛ 33
8. Работнички 31
9. Скопје 25
10. Тиквеш 21
11. Борец 14
12. Пелистер 10






