МЗТ Скопје откако си ја заврши својата задача и ја совлада екипата на Сутјеска, чекаше да види кој ќе му биде противник во полуфиналето.
Тоа е тимот на Широки кој со 85-81 го победи тимот на Спарс и ќе игра меѓу четирите најдобри.
Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Широки се игра во петок со почеток од 21 часот. Претходно, од 18 часот се игра првото полуфинале во кое се екипите на Борац и Златибор.






