„Дури и ако падне Мариупол, Украина не може да се освојува град по град, улица по улица, куќа по куќа. Уште сега треба сериозно да се преговара“, порача Гутереш и додаде: „Украинскиот народ живее во пекол“.
Генералниот секретар на ОН ги истакна последиците на војната во смисла на порастот на цените на храната, енергијата и ѓубривото, што ќе се почувствува во целиот свет, а особено во земјите во развој.
„Колку Украинци и Руси ќе бидат убиени пред сите да сфатат дека оваа војна нема да има победник, туку само губитници?“, праша Гутереш.
[video:https://youtu.be/LvU-YRwojnI autoplay:0]





