среда, 1 април 2026

Шефот на НАТО: Нема назнаки дека Путин го сменил планот да ја освои цела Украина (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Не гледаме никакви назнаки дека рускиот претседател (Владимир) Путин го сменил својот план за контрола на цела Украина и за промена на меѓународниот поредок“, кажа Столтенберг.

Додаде дека НАТО мора да ја поддржи Украина, да ги одржи санкциите против Русија и да ја зајакне својата одбрана и средствата за одвраќање.

Истакна дека војната би можела да трае долго и дека светот би требало да се подготви за тоа.

[video:https://youtu.be/qY5BuO8R9eQ autoplay:0]

Министрите за надворешни работи на 30 земји членки на НАТО ќе разговараат денес и утре за понатамошната помош на Украина. Тие ќе разговараат за испраќање противтенковски оружја, противвоздушни системи, кибернетичка помош и опрема за заптита од хемиски и биолошки закани.

Утре ќе им се придружи шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба кој ќе ги информира за најновиот развој на настаните, вклучувајќи ги преговорите меѓу Киев и Москва.

На состанокот ќе учествуваат и Финска, Шведска, Грузија и Европската Унија, како и партнерите од азиско-пацифичкиот регион Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја. Столтенберг повтори дека НАТО е спремен да ги прими Финска и Шведска во членството ако тие побараат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ