понеделник, 30 март 2026

Шефот на европската дипломатија: Русија лаже за војната и страдањата на Украинците (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Руските државни медиуми и екосистемот околу нив се интегрален дел од агресијата врз Украина“, рече Борел во расправата во Европскиот парламент за надворешното мешање во демократските процеси во ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во обраќањето до европратениците ги отфрли критиките дека забраната за работа на „Раша тудеј“ и „Спутник“ е кршење на правата.

„Тие не се независни медиуми, туку оружја во екосистемот на манипулацијата на Кремљ“, нагласи тој. „Русија лаже за војната и страдањата на украинскиот народ“, рече тој.

„Не се обидуваме да одлучуваме што е вистина, а што лага, немаме министерство за вистина, но мораме да се фокусираме на надворешните актери кои намерно и координирано се обидуваат да манипулираат со нашиот информативен простор за свои цели и да ни наштетат“, образложи Борел во расправата за извештајот на Специјалниот комитет на парламентот за надворешно мешање.

Борел рече дека ЕУ со земјите партнери ги засили напорите за борба против мешањето и манипулацијата со информациите, особено во Западен Балкан, кој во моментов е систематска цел на руски и други кампањи.

„Мораме да воведеме битка за информации во нашата надворешна политика. Ќе предложиме механизми кои ќе ни овозможат да ги санкционираме овие злонамерни актери“, рече Борел, истакнувајќи дека демократијата се заснова на информации и дека информациите мора добро да се заштитат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ