понеделник, 30 март 2026

Шефицата на германската дипломатија: Забраната на руските нафта и гас би ја турнала Германија во хаос

Објавено на

часот

Сподели

Ако Германија верува дека забраната на увозот би го забрзала крајот на војната, би го направила тоа. Но не верува, кажа Бербок.

Германија е зависна од Русија за третина од увозот на нафта, што е многу поголема зависност од САД кои претходно објавија дека воведуваат ембарго на увозот на руските енергенси.

„Кога веднаш тоа би го забраниле, утре во Германија повеќе не би можеле да се движиме“, кажа германската министерка.

Додаде дека клучните работници како учителите или медицинските сестри не би можеле да стигнат на работа, а проблем би била и струјата.

Вашингтон денес објави дека воведува ембарго на увозот на руска нафта и гас, додека Британија најави дека постепено ќе го укинува увозот на руски енергенси до крајот на 2022 година, со што тие две земји дополнително го засилуваат притисокот врз Москва во знак на одмазда за инвазијата на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ