Во средината на март се пријавени два смртни случаи во провинцијата Џилин во североисточна Кина, кои се сметаат за први во земјата по повеќе од една година.
Независни експерти се сомневаат во точноста на официјалните податоци за бројот на заразени и починати лица од коронавирус во Пекинг, кој во тоа време забележа дека на 25 јануари 2021 година бил последниот смртен случај од ковид-19.
Шангај е во центарот на најголемиот бран на ковид-19 во Кина од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години. Огромното мнозинство од населението во областа Шангај, каде што живеат 26 милиони луѓе, е во изолација од крајот на март.
Во мегаградот – кинескиот економски и финансиски центар – расте незадоволството поради недоволните резерви на храна, проблеми со медицинска нега или заразени деца одвоени од своите родители поради правилата за карантин. Не се знае колку долго ќе трае изолацијата.
Властите известија дека во неделата во Шангај повторно биле откриени повеќе од 2.400 потврдени нови инфекции со ковид-19 и повеќе од 19.800 асимптоматски случаи. Поголемиот дел од вкупниот број новозаразени во целата земја се однесува на Шангај.






