„ Штрајкот е започнат и бараме решение за надминување на ситуацијата што поскоро. Секако дека Владата ќе достави предлог до синдикатот, кој ќе биде соодветен на буџетските можности и се надевам прифатлив за СОНК. Да ги вратиме децата во училиштата, а потоа ќе дискутираме како ќе се надомести пропуштената настава”, соопшти МОН пренесувајќи изјави од министерот Шаќири дадени синоќа во емисијата „200“ на Алсат.
Шаќири кажал дека заложбата на Владата е да се изнајде системско решение со кое „платите на вработените во областа на образованието ќе растат со секое покачување на минималната плата, што всушност е и едно од барањата на СОНК, со оглед на тоа што е најавено нејзино покачување и во 2023 и 2024 година“’.
Шаќири се надева до крајот на неделава да се дојде до решение на проблемот.






