среда, 1 април 2026

Северна Кореја слави 10 години владеење на Ким и „достигнувањата на неговото бесмртно лидерство“

Објавено на

часот

Сподели

Се смета дека Ким ја презема власта кога беше именуван за врховен воен командант по смртта на неговиот татко Ким Џонг Ил во декември 2011 година. Денес се навршуваат десет години откако помладиот Ким беше избран за највисок партиски и државен лидер. Семејството Ким владее со еднопартиската држава цело нејзино постоење.

Северна Кореја отвори нова изложбена сала во Големиот музеј на корејската револуција, каде се изложени фотографии и снимки на главните „достигнувања на бесмртното лидерство“ од неговото ветување дека ќе изгради одговорна држава и нуклеарна сила на конгресот на владејачката Работничка партија во мај 2016, објави официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.

Во говорот на националниот собир вчера Хое Рјонг Хае, член на претседателството на политбирото на централниот комитет на Работничката партија на Кореја и еден од најголемите функционери во власта на Ким, го пофали севернокорејскиот лидер како „талентиран мислител и теоретичар, извонреден државник и неспоредливо голем командант“.

Со овие настани почна неделата во која во петок ќе се одбележи и 110 годишнината од раѓањето на Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја и дедо на Ким Џонг Ун.

Музејот исто така изложил и писмо кое Ким го напишал во ноември 2017 за да прогласи дека државата го завршила развојот на „националните нуклеарни сили“ по тестирањето на новата интерконтинентална балистичка ракета.

Комерцијални сателитски снимки покажуваат дека севернокорејските војници вежбаат за воената парада која би требало да се одржи оваа недела. Аналитичарите велат дека има знаци дека Северна Кореја би можела да го покаже својот нов интерконтинентален балистички проектил (ИЦБМ) на парадата оваа година.

Минатиот месец порасна загриженост во Сеул, Токио и Вашингтон бидејќи Пјонгјанг го изврши првиот целосен тест на ИЦБМ по 2017 година.

Исто така, минатата недела Пјонгјанг се закани дека ќе ја гаѓа Јужна Кореја „со нуклеарна борбена сила“ ако биде нападнат.

Чое го нарече Ким „патриот без конкуренција и голем бранител на мирот“ бидејќи Северна Кореја ја направил „полноправна воена сила опремена со сите моќни физички средства за самоодбрана“.

Предводена од Кин Северна Кореја спроведе четири од своите шест нуклеарни тестирања и разви големи интерконтинентални балистички ракети за кои аналитичарите веруваат дека можат да погодат цели каде било во Соединетите Американски Држави.

И покрај невидените тешкотии Ким отвори нова ера за Северна Кореја како моќна социјалистичка нација која напредува и се развива не зависејќи од никого, кажа Чое.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ