понеделник, 30 март 2026

Северна Кореја продолжи со лансирањето проектили

Објавено на

часот

Сподели

Проектилот, според Јужна Кореја, бил истрелан од област во близина на главниот град на Северна Кореја и летал околу 270 километри кон исток на максимална височина од 560 километри пред да падне во водите меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија.

Американските и јужнокорејските разузнавачки претставници, се наведува, внимателно го анализираат лансирањето.

Ова е деветти пат Северна Кореја да го тестира своето оружје годинава, додека преговорите за денуклеаризација на земјата со САД се во застој.

Во јануари Северна Кореја изврши седум ракетни тестови, што е нејзин рекорд за еден месец, вклучувајќи го и тестирањето на својата најмоќна ракета од 2017 година.

Осмата ракета е истрелана пред една недела по едномесечна пауза за време на Зимските олимписки игри во Пекинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ