Одлуката со најмалку шест месеци работа да се казнуваат нетажачите доаѓа откако завршија таканаречените „критички сесии“ на народните судови, кои беа одржани низ целата земја во почетокот на месецов, јавува порталот.
Ким Јонг Ил почина во декември на 69-годишна возраст, по седумнаесет години поминати на чело на изолираната нуклеарна сила.
Веб-страницата исто така јавува и дека луѓето што биле присутни на тажачките сесии, но не плачеле искрено, најверојатно ќе бидат испратени во кампови за реедукација.
Државната агенција КЦНА го обвини сајтот „НК дејли“ дека води кампања за оцрнување против сопствената држава. Веб-сајтот собира извештаи од луѓе што успеале да избегаат од државата, како и од луѓе што сè уште се таму.
Северна Кореја ќе ги казнува нетажачите

Објавено на
часот