Уште една чудесна фудбалска приказна во која херој е 18 годишниот Мустафа Сисе. Младото момче до минатиот месец играше во осма лига во тим составен од бегалци и луѓе кои бараат азил во Италија.
Животот му се менува кога скаути се импресионирани од она што го гледаат на пријателски натпревар против Лече и тој се сели во Аталанта.
Напаѓачот за кратко време остава трага во Бергамо, постигнува два гола за победа на Примавера тимот од 3-1 против Милан, а потоа постигнува и гол за победа од 1-0 над Наполи.
Џанпјеро Гасперини е задоволен од она што го видел, па со оглед на кризата со повреден играчи, го вметнува Мустафа Сисе во првиот тим и синоќа против Болоња му дава шанса за деби во Серија А.
Фудбалерот од Гвинеа не можеше подобро да возврати за укажаната шанса, ја затресе мрежата на противникот и донесе победа од 0-1 со која „нероаѕурите“ остануваат во трка за топ четири пласман и место во Лигата на шампиони.






