Таа посочи дека главната цел на санкциите е да се намалат приходите на руските власти и дека ЕУ во моментов „разгледува паметни механизми“ кои ќе овозможат и нафтата да биде вклучена во следниот пакет санкции.
Официјалната претставничка на ЕУ ги негираше критиките упатени на германската влада за „забавување“ на усвојувањето на анти-руските санкции.
Урсула фон дер Лаен изјави дека Германија многу години ја поддржува Украина и таа ги одобри сите пет пакети на санкции кои беа предложени во рок од 48 часа и дека ЕУ никогаш не постапувала толку обединето, енергично и одлучно како сега.






