„Во меѓувреме, од страна на надлежните институции запленет е имот како последица од криминалите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. За сето ова време, Мицкоски молчи. Молкот на Мицкоски е најголема потврда дека во оваа партија ништо не е сменето, а Мицкоски од петни жили се обидува да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
По сите овие признанија, по сите судски пресуди, како онаа од Титаник и по објавата на црната листа, по запленетиот имот во случајот Империја, Христијан Мицкоски треба да поднесе оставка.
Мицкоски во времето на режимот кога се правеле криминалните дејства му беше десна рака и советник на Груевски. Ако Мицкоски знаел за сите криминални активности, за злоупотреба на позициите, за нелегалните пари, зошто молчел, кого бранел?
Граѓаните слушнаа и за директни признанија на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ како се правеле криминални дела. Денес голем број од некогашните соработници на Груевски се соработници на Мицкоски и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија раководена од Будимпешта, партија која не излегува од режимската матрица“, соопшти СДСМ.






