понеделник, 8 декември 2025

СДСМ: Во криза градоначалникот на Гази Баба троши 200.000 евра за партиски вработувања

Објавено на

часот

Сподели

СДСМ нагласува дека градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски ќе потроши 12,2 милиони денари, за привремени вработувања во општината, што изнесува околу 200.000 евра, но и дека троши над 3.000 евра за набавка на топли напитоци.

„Додека Христијан Мицкоси глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ крчмат општински буџети за партиски вработувања и аздисување. Јавноста секој ден сведочи нов случај на оштетување на општинските буџети за партизација на општините и непродуктивни трошоци. ВМРО-ДПМНЕ останува симбол на расипничко и криминално трошење на народни пари, партизација и дејствување против граѓаните“, пишува во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ