недела, 21 декември 2025

СДСМ: Владата помага во намалување на трошоците за електрична енергија

Објавено на

часот

Сподели

„Спречивме нови ценовни шокови со намалување на ДДВ за горивата и намалување на акцизата и и денес имаме најевтини горива во регинот. Со намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи на 0% и замрзнување на маржите спречивме драматично поскапување на потрошувачката кошничка. Претходно ја зголемивме минималната плата и веќе од следниот месец ќе изнесува 18.000 денари. 36.000 семејства со ниски приходи и околу 330.000 пензионери во следните три месеци ќе добиваат по илјада денари месечно на сметките. Владата предводена од СДСМ интервенира и во намалување на трошоците за електрична енергија преку субвенционирањето на 80% од сметките за струја на домаќинствата, како и преку ваучери за сметки за струја кои ги добиваат околу 6.500 семејства“, се вели во соопштението на СДСМ. 

Во партиското соопштение се вели дека воспоставен е и Интервентен фонд за поддршка на земјоделците кои во време на криза се соочуваат со потешкотии во производството, а за помош на компаниите на располагање се ставаат неколку механизми за одржување на ликвидноста и конкурентноста.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ