СДСМ нагласува дека со ова зголемување, за само четири и пол години, минималната плата е зголемена од 8.800 на 18.000 денари.
„Владата предводена од СДСМ ќе ги субвенционира придонесите од разликата од покачувањето, до крајот на годината. Со оваа решение им излегуваме во пресрет на граѓаните и на стопанството, бидејќи е важно да имаме задоволни работници, но и силно стопанство кое придонесува за поголем економски раст“, велат од владејачката партија и додаваат дека овој закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи се воведе нов критериум за пресметување на минималната плата која не смее да биде пониска од 57% од просечната плата.
Усогласувањето започна да важи со мартовската плата, потсетува СДСМ, а партијата оценува дека продолжува да обезбедува повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети и повисок животен стандард за граѓаните.






