понеделник, 8 декември 2025

СДСМ: Ефикасното справување со криминалот ѝ пречи на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„За само два месеца запленети околу 1.2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од околу 200 милиони евра.

За само два месеца запленети над 2 тона марихуана со вредност од околу 4,5 милиони евра, а постојано се приведуваат крадци, разбојници, дилери, криминалци барани со потерници.

Се постапува и се апсат лица за корупција како што беше вчерашниот случај со инспекторката во Инспекторатот за земјоделие во Прилеп“, наведува СДСМ во реакцијата.

Партијата оценува дека граѓаните се чувствуваат безбедни и дека тоа го покажуваат сите анкети каде расте довербата во полицијата, „а Северна Македонија е најбезбедна земја во регионот, покажуваат релевантни меѓународни истражувања“, велат од СДСМ и оценуваат дека „ваквата силна борба против криминалот очигледно ѝ пречи само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата заштитник на криминалците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ