среда, 1 април 2026

Саудиска Арабија ги ублажи ковид-мерките, дозволени се милион аџии

Објавено на

часот

Сподели

Пред пандемијата, милиони муслимани од целиот свет обично присуствуваа на аџилакот, клучниот столб на исламот. За да се намали ризикот од ширење на вирусот, минатата година на аџилакот смееја да присуствуваат околу 60.000 целосно вакцинирани Саудијци.

Годинешниот аџилак ќе им биде дозволен на лицата помлади од 65 години, кои ги примиле вакцините одобрени од саудиското министерство за здравство, јави саудиската државна новинска агенција СПА.

Аџиите кои ќе одат во Саудиска Арабија ќе мора да покажат негативен резултат од ПЦР тест спроведен до 72 часа пред заминувањето, се додава.

Годинешниот аџилак е закажан за јули. Церемонијата е најголемиот собир на муслиманите во светот.

Минатиот месец Саудиска Арабија, колепката на исламот, поприлично ги ублажи ограничувањата против пандемијата. Еден од петте столбови на исламот, аџилакот е задолжителен еднаш во животот за сите муслимани, ако за тоа имаат финансиски и физички можности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ