Во соопштението на САДУ се вели:
„Непочитувањето и неисполнувањето на правата коишто законски им следуваат од страна на Владата, силно ги демотивира да ги извршуваат посветено своите работни задачи. Впрочем, вработените во образованието и детските градинки имаат најниски плати во регионот, да не зборуваме за пошироко.
Од друга страна, неусогласувањето на колективните договори со растот на минималната плата во претходните четири години предизвика да има големо порамнување на платите на различни работни позиции кои имаат различен коефициент на сложеност, што никако не е прифатливо, ниту пак е законски и е спротивно на конвенциите на Меѓународната организација на трудот кои Македонија ги има ратификувано.
Ние како братски синдикат на СОНК потполно ги поддржуваме нивните барања и испраќаме апел до родителите да покажат солидарност и разбирање и да го земат во предвид тоа дека и овие вработени се родители чиишто семејства треба да имаат пристоен живот“.






