вторник, 31 март 2026

САД ѝ дале важни гаранции на Русија во врска со иранскиот нуклеарен договор

Објавено на

часот

Сподели

„Добивме писмени гаранции. Тие се вклучени во договорите за обнова на Заедничкиот сеопфатен акциски план за иранската нуклеарна програма“, кажа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на заедничка прес конференција со иранскиот колега Хосеин Амир Абдолахијан во Москва.

Според него, идната руско-иранска нуклеарна соработка е загарантирана, „особено што се однесува на главниот елемент, нуклеарната централа во Бушер“.

Иранскиот министер Амир Абдолахијан истакна дека ништо не може негативно да се одрази на преговорите во Виена во обновата на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

„Прекинот на преговорите може да отвори пат за решавање на отворените прашања и враќање на сите страни на нивните обврски од нуклеарниот договор“, кажа тој, а пренесува Ројтерс.

Москва беше обвинета дека сакала да ги минира преговорите бидејќи на 5 март побара американски гаранции дека нејзината идна соработка со Иран во областа на цивилната нуклеарна програма нема да биде погодена од санкциите кои ѝ се воведени поради инвазијата на Украина која почна на 24 февруари.

„Американците секогаш сакаат да кажат дека ние ги кочиме преговорите (за иранскиот нуклеарен договор), но тоа е лага“, кажа Лавров, додавајќи дека „договорот не е конечно одобрен во повеќе престолнини, но руската престолнина Москва не е меѓу нив“.

Според него, преговарачите сега се во „последната фаза на преговорите“, иако потпишувањето компромис се чинеше блиску повеќе пати во последните недели.

САД еднострано се повлекоа од иранскиот договор во 2018 година за време на републиканскиот претседател Доналд Трамп и му ги вратија на Иран санкциите. Техеран поради тоа почна да ги крши ограничувањата предвидени со договорот.

Сегашниот американски претседател Џо Бајден сака да се врати во договорот, но преговорите се тешки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ