недела, 15 март 2026

САД тврдат дека Русија распоредила уште 7.000 војници на границата со Украина

Објавено на

часот

Сподели

Како пример тој ги навел извештаите на Кремљ за гробови на цивили што наводно се убиени од украинските сили, тврдењата дека Америка и Украина развиваат биолошко и хемиско оружје и дека Западот испраќа герилци да убиваат Украинци. Функционерот не дал никакви докази за своите тврдења.

Руското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека повлекува дел од војниците по воените вежби што предизвикаа стравувања од неизбежна инвазија врз Украина, и како доказ објави видео на кое силите наводно го напуштаат Крим.

„Ние не видовме повлекување“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен за Еј-би-си.

Тој рече дека армијата е на граница и дека рускиот претседател Владимир Путин „може да го повлече чкрапалото денес, утре или следната недела“.

Максар технолоџис, комерцијална компанија за сателитски снимки што го надгледуваше трупањето на руската војска, порача дека новите фотографии покажуваат зголемена руска воена активност во близина на Украина, вклучително и изградба на понтонски мост во Белорусија на помалку од шест километри од украинската граница.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Алијансата исто така не гледа „повлекување на руските сили“, како и претседателот на Украина Володимир Зеленски.

„Не гледаме никаква промена. Гледаме трупање војници, кое не се промени во последните недели“, рече Зеленски во средата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ