Вашингтон не го објавил лансирањето на ракетата и поради планот на американскиот претседател Џо Бајден да ја посети Европа.
Според наводите, Американците го лансирале таканаречениот концепт на хиперсонично воздушно оружје од бомбардер Б-52.
Во извештајот се наведува дека тестирањето било извршено во Тихиот Океан и дека проектилот летал 480 километри, на висина од 19 километри.
Станува збор за втор успешен американски тест на овој тип на проектил, а првиот бил извршен во септември минатата година.






