Обраќајќи им се на новинарите во Вашингтон, Мајкл Карпентер рече: „Според последните извештаи, веруваме дека Русија ќе се обиде да ги припои Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск кон Русија“.
„Извештаите велат дека Русија планира да одржи референдуми по спроведувањето на анексијата во средината на мај“, додаде тој. „Русија, исто така, би можела да го стори истото што го стори во Херсон, каде што веќе ја наметнува рубљата како официјална валута“, вели тој.
Претходно оваа година рускиот претседател Владимир Путин објави дека ја признава независноста на двата отцепени региони.
Карпентер додаде дека Русија наводно киднапира локални функционери во градовите што ги држи во источна и јужна Украина за да ги замени со „групи лојални на Москва“. Тој тврди дека Русите киднапираат директори на училишта, новинари, локални активисти и општински службеници.
„Исто така, имаше извештаи дека руските сили го прекинале пристапот до интернет во тие региони за да го блокираат протекот на веродостојни информации“, рече Карпентер.






