вторник, 31 март 2026

САД ги обвинија руските сили за убиство на 10 цивили кои стоеле во ред за леб (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Нападот се случил утрово додека група луѓе чекале леб во Чернихив, град кој постојано е гранатиран во текот на минатата недела.

Видеото геолоцирано од Си-ен-ен потврди дека граната или ракета погодила група луѓе во средата наутро, додека локален репортер од местото на настанот изјавил дека најмалку 10 луѓе биле убиени во нападот.

„Руските окупатори денеска нападнаа луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернихив, убивајќи најмалку десет од нив“, пишува Суспилне њуз.

„Руските трупи гаѓаа луѓе кои стоеја во ред за леб во станбена зона. Дописник од местото на настанот јави дека гранатирањето се случи на 16 март околу 10 часот. Најмалку десет цивили ги загубија животите“, се додава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ