вторник, 31 март 2026

Руските власти промовираат апликација која сега таму има повеќе корисници од Ватсап

Објавено на

часот

Сподели

Воената операција на Русија во Украина дополнително ги влоши постоечките спорови меѓу странските технолошки компании и Москва. Мегафон, еден од четирите најголеми руски телеоператори, објави анализа на мобилниот интернет сообраќај, која покажува дека уделот на Телеграм пораснал на 63 отсто во првите две недели од март од 48 отсто колку што изнесувал во истиот период во февруари.

Уделот на Ватсап падна од 48 на 32 отсто, соопшти Мегафон. Просечниот корисник на Телеграм трошел 101 мегабајти податоци дневно наспроти 26 на Ватсап. Телеграм е основан од Русинот Павел Дуров и оваа апликација долго време е популарна платформа за информирање на Русите. Скоро сите поголеми медиуми, владини агенции и јавни личности имаат свои канали на таа мрежа.

Неговата популарност „порасна по ограничувањата за пристап до други апликации за комуникација и социјални мрежи“, објави Мегафон, додавајќи дека растот на бројот на корисници се забележува од 24 февруари, денот кога Русија ја започна инвазијата на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ