недела, 1 февруари 2026

Руските пратеници бараат од Путин да ги признае бунтовничките региони во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Признавањето на двата региони, Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), може да го разори постојниот мировен процес од Минск за источна Украина, за кој Русија рече дека му е посветена, а кој предвидува враќање на териториите под контрола на Киев со одреден степен автономија.

„Веднаш ќе му биде врачен повик на претседателот на Русија дека е неопходно да се признаат Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск“, напиша на Телеграм претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.

„Во случај на признавање, Русија де факто би се повлекла од договорите од Минск со сите последици. Веќе предупредивме на таков можен развој на настаните“, веднаш реагираше украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

Украинците војуваат на истокот речиси осум години, откако бунтовниците поддржани од Русија зазедоа големи области од два клучни региони – Луганск и Доњецк. Во 2014 година сепаратистите ги прогласија тие области за независни, таканаречени народни републики.

Русија никогаш досега не ги призна како независни.

Ова гласање на пратениците не е обврзувачко, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков внимателно укажа дека не е донесена одлука.

Русија веќе им подели околу 720.000 пасоши на луѓето што живеат во бунтовничките региони, така што тие веќе се блиски до Москва. Но признавањето независност би било драматична одлука со која ќе ѝ се стави крај на секоја надеж за постигнување мир со Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ